Скаутите на Манчестер јунајтед го „шкртнале“ Бруно Фернандеш, еве ја причината за таквата одлука

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед се повлече од трката за ангажман на фудбалерот на Спортинг Лисабон,
Бруно Фернандеш, а „Спортсмејл“ базирајќи се на своите извори од клубот,
пренесе дека скаутите на Премиерлигашот одлучиле Португалецот да не биде
ангажиран на „Олд Трафорд“.

Според
известувањата, се вели дека скаутите на Манчестер јунајтед кои под будно око ги
следеа настапите на Фернандеш подолг период, дале јасно дознаење до клубот дека
Фернандеш не се вклопувал во стилот на играта кој го преферира шефот на стручниот
штаб на Премиерлигашот, Оле Гунар Солскјер.

Солскјер
посакува сигурен фудбалер во поседот на топката во текот на натпреварите, па
така Норвежанецот го креираше дуото Мегваер-Линделов на централните дефанзивни
позиции, а постоела загриженост околу големите ризични потези кои Фернандеш ги
имал во својата игра кога ја поседувал топката, што било нотирано во нивните
записи.

Општо прифатено
во Манчестер јунајтед бил фактот што статистички, 24 годишниот Португалец
работи со елементи на ризик во нападите, неговите пасови имаат успешност од
75,1% од ланската сезона, меѓутоа тој податок не беше доволно за да ги убеди
челниците на Манчестер јунајтед. Како за споредба, Пол Погба лани во тој поглед
на играта имаше 82,8% успешност во своите пасови, а фудбалерот на Манчестер
Сити, Кевин Де Брујне кој игра речиси во идентична улога, константно бележи
повеќе од 82%.

За ова извести и „ЕСПН“, кој посочи дека во Манчестер јунајтед постоело големо сомневање во квалитетите на 24 годишниот Португалец, базирајќи се на информации од извори во клубот. Истиот медиум додава и за загриженоста околу статистичкиот податок кој вели дека Фернандеш често го губи поседот на топката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×