162
Францускиот
прволигаш Монако и официјално го претстави Висам Бен Једер како засилување од
редовите на Севиља, откако напаѓачот подолг период во текот на летниот преоден
рок беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед.
Монако воедно
потврди дека Французинот стави потпис на петгодишен договор, а медиумите
пренесуваат дека трансферот чини 40 милиони евра, онолку колку што изнесуваше
откупната клаузула на напаѓачот.
29 годишниот Бен
Једер имаше доста успешни три сезони во дресот на Севиља, ланската сезона
постигна 30 погодоци во сите натпреварувања, а притоа реализираше и 11
асистенции.
data-lang="en">