Делегација на
„каталонците“ составена од директорот Бордас, техничкиот секретар Абидал и
човекот од доверба Андре Кури, отпатува за Париз и се сретна со спортскиот
директор на ПСЖ, Леонардо.
Ова беше прв пат
преставници на Барселона и ПСЖ лице во лице да преговараат за трансфер на Нејмар.
Медиумите шпекулираат дека двете страни ги кажале своите ставови и очигледно
разликите се уште се големи.
Се говори дека
ПСЖ побарал да ги добие Филипе Кутињо, Нелсон Семедо и плус 100-120 милиони
евра за да го испрати Нејмар на Камп Ноу.
„Каталонците“
порачале дека нема шанси да се разделат со десниот бек, и покрај Филипе Кутињо
го понудиле Иван Ракитиќ во пакетот. Хрватот наводно е играч по мерак на
Леонардо, па „светците“ можат да направат компромис.
Има разлика и во
сумата која треба да биде доплатена, некои извори велат дека Барса е подготвена
да одвои помеѓу 60 и 80 милиони евра, но да плати дури догодина.
Секако, ќе треба
и Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ да се договорат со ПСЖ, па има уште многу работи
за пеглање помеѓу двете страни.