Црвена звезда го
задржа сонот за уште еден настап во групната фаза од најелитното европско
натпреварување. Шампионот на Србија вечерва го елиминираше Копенхаген.
Мечот во
регуларниот дел заврши 1-1, исто како што гласеше резултатот во Белград
минатата недела, па се играа продолженија. Мрежите мируваа и во додатните 30
минути и патникот во плеј-офот беше решен на пенали.
Пенал серијата
беше трагикомична, откако страната која ја одбраа за шутирање, тревата околку и
на белета точка беше прилично оштетена и раскопана, за по десетина шутеви веќе
и да не се познава каде е белата точка. Ова им направи многу проблеми на
играчите, имаше доста промашувања од кои некои беа прилично смешни.
Се шутираше 22
пати, биеа дури и голманите а Панков и Винд ја имаа честа да се обидат и по
втор пат. Токму во вторио обид, Винд не реализираше и испадна трагичар на
натпреварот.