Белгискиот
напаѓач Ромелу Лукаку кој летово се пресели во Интер а неговиот трансфер од
Манчестер јунајтед го чинеше тимот од Милано близу 80 милиони евра, вели дека има
голема разлика во начинот на работа во Англија и Италија.
Говорејќи во
интервјуто за „Отро“, тој позитивно се произнесе околу првите впечатоци во
Италија, како и работата со Антонио Конте, тренер со кој од поодамна сакаше да
соработува и тоа јавно го говореше.
„Тешко е,
поинаку, во Англија постои макотрпна работа, меѓутоа вистинската работа се одвива
во Италија“ вели Лукаку во интервјуто.
„Градот е
навистина убав, меѓутоа тука не дојдов за убавиот живот во градот, дојдов да му
помогнам на овој тим да постигне нешто“ додава Белгиецот.