Роналдо објасни која е разликата со Меси: Со различни клубови ја освоив ЛШ, шест пати во низа бев најдобар стрелец

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо во своето интервју за „ДАЦН“ освен тоа што не се штедеше на пофалби за
неговиот поранешен соработник од Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не се штедеше ниту
во пофалните зборови за себе.

Португалецот ја
објасни разликата со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, фудбалер со кого
тој често е споредуван, па така фудбалерот на Јувентус даде интересно
објаснување, велејќи дека успесите во Лигата на шампионите се на негова страна.

Роналдо: Секогаш треба да чувствувате дека сте значаен дел за тимот, Зидан ме направи да се чувствувам посебен

Разликата помеѓу
мене и него е тоа што јас бев во различни клубови и ја освоив Лигата на
шампионите, исто така бев најдобар стрелец во тоа натпреварување шест пати во
низа. Постојат повеќе фудбалери кои го освоиле тоа натпреварување пет пати,
меѓутоа јас се идентификувам себе си со тоа натпреварување
“ рече Роналдо.

Меси е
фантастичен фудбалер, тој нема да биде запаметен само по „Златната топка“, туку
и поради тоа што секогаш е дел од врвот, година по година, исто како мене

заклучи Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×