Дали Манчестер Сити Б може да се бори за титулата? Еве како изгледа вториот тим на Гвардиола

by
1 минути читање

Португалецот во неделата дебитираше во студиото на Скај Спортс како стручен коментатор на
натпреварите од Премиерлигата и веднаш ги разбранува страстите.

На прашањето за
тоа кои се кандидатите за титулата, тој рече: „Манчестер Сити, Ливерпул, Тотнем
и Манчестер Сити Б“.

Португалецот од сликата ги
изостави Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал, па многумина ваквата изјава ја
протолкуваа како провокација за двата негови поранешниот клубови и „топчиите“.

Не е спорно дека
„специјалниот“ знае да биде контроверзен, но ова што го кажа до некаде држи
вода. Пеп Гвардиола на располагање има страшна група на играчи, и првиот тим
горе-долу би бил следниов.

Првите 11 на
„граѓаните
“: Едерсон, Вокер, Лапорт, Стоунс, Зинченко, Фернандињо, Давид Силва,
Бернардо Силва, Де Брујне, Стерлинг и Агуеро.

Доколку се креира
состав од останатите играчи на кои смета Шпанецот, се добива прилично силен
тим.

Вторите 11 на
„граѓаните“
: Браво, Канесело, Отамеди, Мангала, Менди, Родри, Гундоган, Фоуден,
Марез, Сане и Жесус.

Во Манчестер Сити
Б би играле трите најскапи засилувања во историјата на клубот, Кансело, Марез и
Родри, а последната линија и голманот вреден преку 200 милиони евра (до душа
Мангала денес потпиша со Валенсија, па сумата ќе падне за некој 40 милиони
евра и на негово место ќе треба да влезе младиот Гарсија).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×