Снајдер се пензионираше, сега ќе навива за Утрехт од неговата приватна ложа

by
1 минути читање

Весли Снајдер
одлучи да стави крај на професионалното играње фудбал, а 35 годишниот
Холанѓанец се повлекува од фудбалот по една ипол година мината во дресот на
катарска Ал-Гарафа.

Холанѓанецот
навести дека пензиските денови ќе ги ужива во тоа што ќе го следи својот омилен
клуб Утрехт, клубот од неговото родно место, а веќе има и посебно место во
ложата од арената за него, станува збор за приватна ложа во сопственост на
Снајдер.

Мојата љубов за
овој град како и самиот клуб е голема, ние често зборувавме и за можноста да се
преселам тука, сега тоа го ставивме на хартија, очекувам одлична сезона
“ рече
Снајдер во изјавата на официјалниот клупски сајт на Утрехт, местото каде беше
објавена официјалната вест за пензионирањето на Холанѓанецот.

Снајдер
настапуваше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ал-Гарафа, во дресот на
Холандија одигра 134 натпревари на кои постигна и 31 погодок.

Нема никакви
дилеми дека Снајдер своите најдобри денови од кариерата ги мина во дресот на
Интер во славната сезона 2009/10.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×