Артуро Видал
останува на радарот на Интер, италијанскиот прволигаш работи на мисијата да
дојде до потписот на 32 годишниот Чилеанец кој се чини дека едвај чека да се
пресели во Милано, меѓутоа, Чилеанецот има важечки договор со Барселона до
2021. година, па останува обата клуба да се договорат.
„Калчомеркато“
пишува дека сценариото е јасно, Конте побарал од Марота динамичен фудбалер од
средниот ред кој може да го развие квалитетот на составот, а се шпекулира дека
Чилеанецот, кој наводно сака да се врати во Италија, веројатно е прв избор на
Нероаѕурите.
Во меѓувреме,
Видал, кој мошне добро се познава со новиот тренер на Интер, Антонио Конте, со
кого соработуваше во Јувентус, одлучи да „лајкне“ една објава на социјалните
мрежи во која тој се споменува и поврзува со трансфер во Интер, а тоа за
многумина е јасен сигнал дека Чилеанецот го одобрува тој трансфер, меѓутоа,
извесно е дека преговорите со Барселона не течат според планот на Нероаѕурите.
data-lang="en">#Vidal
and the like on Instagram: #Inter
continue to dream https://t.co/1y4trOXx7B
pic.twitter.com/JBLejPoupd—
CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August
12, 2019