Стерлинг пред потпис на нов договор со „Најк“ со вртоглава сума

by
1 минути читање

Ѕвездата на
англискиот првак Манчестер Сити, Рахем Стерлинг е пред потпис на нов договор со
„Најк“ со што би станал еден од првите фудбалери кој би носел „Еир Џордан“
копачки од гигантот за спортска опрема, но, истовремено се работи и за зделка
со големи суми во истата.

Според пишувањата
на „Телеграф“, се вели дека Стерлинг веќе ја добил понудата, а во истата се
споменува вртоглава сума од цели 100 милиони фунти, во зависност од периодот на
важност на договорот, а фудбалерот на Манчестер Сити ја обработува последната
година од својот актуелен и важечки договор со „Најк“.

„Најк“ се уште не
ги спонзорирал „Еир Џордан“ копачките, меѓутоа нивната успешна соработка со ПСЖ
се докажа како одлична и навести растечка цена на пазарот на брендот.

Брендот веќе има
голем успех со НБА ѕвездите, некои бејзбол играчи од американската лига, а исто
така соработува и со познати музички артисти.

Претходно Нејмар играше во одредена верзија на копачки од „Еир Џордан“, благодарение на соработката помеѓу ПСЖ и „Најк“, меѓутоа понудата за Стерлинг ќе биде прва во однос на поединечен аспект.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×