Баерн Минхен преговара
со Барселона за ангажман на Филипе Кутињо, а Германците посакуваат да го
доведат Бразилецот во своите редови како позајмен фудбалер, дополнително и да
имаат опција да го откупат неговиот договор со Каталонците, пренесува „РАЦ1“.
Кутињо има
неизвесна иднина во дресот на Барселона, од поодамна се наведува како фудбалер
кој е на излезна врата од „Камп Ноу“, па дури и се споменуваше дека Каталонците
сакале да го искористат во понудата за Нејмар од ПСЖ.
Бразилецот се
пресели на „Камп Ноу“ во јануари ланската година, а неговиот тогашен трансфер
од Ливерпул изнесуваше цели 160 милиони евра, меѓутоа извесно е дека Каталонците
сега сакаат да се ослободат од неговите услуги а воедно и да се ослободат од „вишокот“
во својот состав.
ПСЖ исто така се
споменуваше како клуб кој е сериозно заинтересиран за услугите на Кутињо,
меѓутоа извесно е дека освен Иван Перишиќ, Баерн Минхен ќе доведе уште едно
звучно засилување во својот состав.