Перишиќ ги помина лекарските прегледи со Баерн, се чека само официјална потврда

by
1 минути читање

По повредата на
Лерој Сане, кој ќе паузира помеѓу шест и седум месеци, Баерн мораше да ги
промени трансфер целите. Фокусот на брзина беше насочен кон Иван Перишиќ и за кратко време падна
договор со Интер бидејќи играчот не се вклопува во замислите на Антонио Конте.

Се верува дека
двата клуба си подале рака за позајмица вредна 5 милиони евра, а шампионот на
Германија ќе има и опција во целост да го купи играчот за додатни 20 милиони
евра.

Иван Перишиќ
денеска ги помина редовните лекарски прегледи и сега се чека само официјалното
соопштение за неговата преселба во Минхен.

„Да, сега само
што ги завршив лекарските прегледи. Ќе го дадам максимумот“
– беше кратката
изјава на Хрватот за Билд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×