Се подготвува нешто или лажен аларм? Адвокатот кој ја плати клаузулата на Нејмар пристигна на Камп Ноу (ФОТО)

by
1 минути читање

Нејмар е пред
враќање на Камп Ноу или само лажен аларм? Адвокатот кој пред две години ја
плати откупната клаузула на Бразилецот за тој да се пресели во Париз попладнево
беше уловен како влегува во канцелариите на Барселона.

Се работи за Хуан
де Диос Креспо, адвокат по спортско право, па многумина веднаш посочија дека
ова е знак дека напаѓачот е многу блиску до враќање на Камп Ноу.

Но има и извори
кои пишуваат дека неговата посета нема никаква врска со ПСЖ и преговорите
помеѓу двата клуба за трансфер на Бразилецот.

Останува да се
види како ќе се разреши иднината на Нејмар, со секој изминат ден, станува појасно
дека тој нема шанси да остане во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×