Радио Монте Карло
пренесе дека има прогрес во преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ, а АС најави
дека следните денови во Ливерпул ќе има средба на лидерите на двата клуба која
може да биде решавачка.
Но според
пишувањата на Спорт, преговорите помеѓу Барса и ПСЖ и понатаму се блокирани и
„светците“ ги одбиваат сите предлози на „каталонците“. Шампионот на
Франција се однесува на овој начин бидејќи има понуда и од Реал и преферира да
го испрати играчот во Мадрид.
Па затоа лидерите
на Барса му поставиле ултиматум на Нејмар и бараат тој јавно да излезе и да
каже дека сака само трансфер на Камп Ноу. Доколку Бразилецот се реши на еден ваков потег, ПСЖ ќе нема друг избор освен да седне на маса со „каталонците“.
Весникот додава
дека напаѓачот веќе направил неколку гестови и сега треба да одлучи дали ќе го
повлече тој последен чекор или ќе ја остави вратата отворена за друг клуб,
односно Реал Мадрид.