Го поврзаа со Јунајтед како замена за Лукаку па доби нов договор со трајност до 2028 и рекордна клаузула

by
0 минути читање

По трансферот на
Ромелу Лукаку во Интер, медиумите шпекулираа дека „ѓаволите“ би можеле да го
донесат Ињаки Вилијамс како замена за Белгиецот.

25 годишниот
напаѓач на Атлетик Билбао можеше да биде купен за 88 милиони евра, колку што
изнесуваше неговата откупна клаузула.

Сепак, ваквата
зделка не се реализираше, а денеска пристигна информација дека Ињаки Вилијамс
во иднина ќе биде значително поскап. Фудбалерот реши да ја продолжи верноста и
стави потпис на договор со трајност дури до 2028 а доби и рекордна откупна клаузула за клубот од
Баскија вредна 135 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×