Многу дупки во одбраната на Челси, Манчестер јунајтед ја наполни мрежата на „сините“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многу дупки во
одбраната на Челси на стартот од новата сезона, „сините“ попладнево примија
четири гола на Олд Трафорд.

„Сините“ се
прикажаа во добро светло во првото полувреме, два пати ја погодија рамката од
голот на Де Хеа, но Манчестер јунајтед на пауза замина со предност откако Зума
наивно направи пенал а Рашфорд погоди од белата точка.

Во продолжението од мечот, Челси прими два гола во период од 90 секунди по два
брзи против напади. Најпрво Марсијал реализираше за 2-0, а потоа Рашфорд се
најде осамен пред Кепа и донесе 3-0.

Конечниот
резултат го постигна дебинатот Даниел Џејмс, кој со својот прв удар се запиша
во листата на стрелците.

Со дербито на Олд
Трафорд се комплетираше првото коло, во кое денеска имаше уште два натпревари.
Од 15 часот, Арсенал со 1-0 триумфираше кај Њукасл а Лестер и Вулверхемптон
одиграа реми без погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×