151
Вечерва на Енфилд
се одигра првиот натпревар од новата сезона во Премиерлигата. Повратникот Норич
за добредојде назад прими четири погодока во првите 45 минути.
Резултатот беше
отворен во 7. минута кога Хенли ја затресе сопствената мрежа. Потоа погодија
Салах, Ван Дајк и Ориги за убедлива предност на домаќините на пауза.
Од оваа сезона, ВАР се употребува и во најсилното
првенство на Англија, и уште на стартот имаше проблеми, кои за среќа беа
технички и само на кратко го одложија стартот на вториот дел поради прекин на
комуникацијата помеѓу судиите.
Во продолжението
од мечот, Норич одигра за нијанса подобро, па гостите преку Пуки стигнаа до
почесен гол.