Дибала останува на продажба но Ањели не сака да слушне за зделка со Интер, фаворит за Аргентинецот е ПСЖ

by
1 минути читање

Напаѓачот овој
месец имаше прилика да се пресели во Премиерлигата, но најпрво му пропадна
трансферот во Манчестер јунајтед а потоа и во Тотнем. Медиумите од Италија
велат дека Јувентус не се откажува од идеата да го продаде Пауло Дибала, но
сега откако затвори пазарот во Англија, опциите се лимитирани.

Долго време се говори
за зделка со Интер и трампа Пауло Дибала за Мауро Икарди, но се говори дека
првиот човек на „старата дама“, Андреа Ањели не сака да слушне за можноста
играчот да заврши во редовите на лутиот ривал.

ПСЖ и Баерн
Минхен се посочуваат како можни дестинација, и се верува дека „светците“ се
фаворити.

Шампионот на
Франција е подготвен на Аргентинецот да му понуди петгодишен договор и плата од
12 милиони евра по сезона, а може да се дискутира и за провизијата од 15
милиони евра за неговиот агент. Останува да се најде решение само за
проблематичните имиџ права и спорот кој се води за нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×