Нејмар на Барса и поставил краен рок до кога ќе чека трансфер на Камп Ноу, потоа се сели во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Нејмар е топ тема
на шпанските весници утрово, Бразилецот се најде на насловните страни на АС,
Марка, Мундо Депортиво и Спорт. Весниците кои се блиски до Реал Мадрид, односно
Барселона, излегоа со стории за иднината на Нејмар.

АС и Марка пренесуваат за промена во трансфер плановите на „кралевите“, Флорентино Перез
наместо по Пол Погба ќе тргне по Нејмар. Весниците пишуваат дека предноста на
Реал во однос на Барса е тоа што клубот од Мадрид е во одлични односи со ПСЖ, и
може да му понуди стотина милиони евра плус да вклучи неколку играчи во
зделката како Бејл, Модриќ или Навас.

Барса од друга
страна пак игра на картата дека Нејмар сака да се врати на Камп Ноу и одново да
заигра покрај Лео Меси и Луис Суарез.

Спорт вели дека
по чекорите кои се превземени од Реал Мадрид, лидерите на Барселона веднаш
стапиле во контакт со Нејмар и побарале да биде трпелив.

Мундо Депортиво
пак вели дека Бразилецот нема вечно да ја чека Барселона, на „каталонците“ им
поставил краен рок и ќе чека преселба на Камп Ноу до 20. август.

Доколку до овој
датум нема изгледни шанси за трансфер во Барса, тој последните десет дена од
летниот преоден рок ќе ги искористи за да си договори трансфер во лутиот ривал
Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×