155
Нема фудбал за
Лерој Сане до почетокот на следната година, а играчот веројатно ќе остане и без
трансфер во Баерн Минхен. Германецот заработи повреда против Ливерпул во
Комјунити Шилд, а деталните тестови донесоа лоши вести.
Манчестер Сити
денеска пренесе дека играчот го оштетил предниот вкрстен лигамент на коленото и
ќе мора на операција.
„Граѓаните“
најавија дека повеќе информации за рехабилитацијата ќе соопштат подоцна, но
обично за санирање на ваква повреда се потребни најмалку шест месеци.