Антонио Конте го
доби напаѓачот кој го бараше, Ромелу Лукаку е нов фудбалер на Интер откако
попладнево стави потпис на петгодишен договор.
„Ромелу Лукаку и
официјално е играч на Интер. Белгиецот, кој доаѓа од Манчестер јунајтед, стави
потпис на договор со „нероаѕурите“ до 30. јуни 2024“ – гласеше известувањето.
Детали од
зделката не беа откриени, според пишувањата на медиумите од Италија, се работи
за трансфер од 65 милиони евра, плус уште десетина милиони во бонуси, плус
процент од следна продажба. Медиумите од Англија пак велат дека зделката е вредна 80 милиони евра.
И во двата
случаи, Ромелу Лукаку е најскапо засилување во историјата на Интер и го сруши
рекордот на Кристијан Виери стар 20 години.