Актуелниот
шампион на Европа беше прилично тивок на трансфер пазарот ова лето, ги
ангажираше младите Харви Елиот (16 години) и Сеп ван ден Берг (17 години), а го
донесе и искусниот голман Адријан како замена за Симон Мињоле.
До крајот на
преодниот рок во Англија има уште неколку часа, па Јирген Клоп попладнево беше
запрашан дали се готви некоја „бомба“ во 5 до 12.
„Поинтересно
сигурно ќе ви биде доколку отидете во Евртон, мислам дека тие се прилично
зафатени“ – одговори Германецот на денешата прес конференција во пресрет на
дуелот со Норич и отварањето на новата сезона во Премиерлигата.
„Не верувам дека
нешто ќе се случи. Овој преоден рок ние ги разгледавме опциите кои ни се
укажаа, размисливме убаво дали ни одговара нешто и донесовме одлука. Така
функционираме секогаш. Доколку ништо не се случи, тоа е така бидејќи опциите
не биле добри за нас. Нема да купуваме играчи само колку да речеме дека сме
донеле некого. Нема никаква логика во тоа“.
Филипе Кутињо се
поврзуваше со враќање во Премиерлигата, па тој беше запрашан дали Бразилецот им
бил понуден.
„Нема да одговорам на ова. Никогаш не
коментираме вакви работи“.