Елмас на потешкиот начин научи каква класа се Ракитиќ и Бускетс, дуото на Барса си поигра со Македонецот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ако некој знае
како да одигра на мал простор, тоа се фудбалерите на Барселона. „Каталонците“
умеат со топката и тоа на своја кожа утрово го осети нашиот Елиф Елмас.

Македонецот тргна
во соло пробив и покрај тоа што беше опкружен од неколку противници а во близина
немаше негови соиграчи. Тој лесно ја загуби топката, а откако се обиде да ја
врати, од прва рака увиде каква класа се Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс.

Хрватот му ја
протна топката низ нозе, а Шпанецот елегантно со пета му ја врати топката, за Ракитиќ потоа да одложи за трет фудбалер
на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×