БиБиСи утрово објави дека Пауло Дибала денеска треба да стане нов играч на Тотнем и да биде
дел од трите засилувања кои „спарси“ ги подготвуваат за последниот ден од
летниот преоден рок.
Иако пред само неколку часа пренесе дека има договор помеѓу Тотнем и Јувентус и играчот кажал ДА, истиот
медиум сега пишува дека зделката пропаднала. Се веруваше дека најпроблематичен
дел се имиџ правата на Аргентинецот, но БиБиСи прстот го впери кон Јувентус.
Извештајот вели
дека „старата дама“ на крајот се предомислила, решила да не го продаде Пауло Дибала и да се
повлече од преговорите.
Дали ќе има нов
пресврт останува да се види. Медиумите од Италија велат дека се уште има преговори, но и се помалку време. Трансфер
пазарот во Англија затвара во 18 часот.