Напаѓачот утрово
околу 2 часот пристигна во Милано, во текот на денот треба да замине на
лекарски прегледи и конечно да му се стави на располагање на Антонио Конте.
По долги
преговори, Манчестер јунајтед синоќа ја прифати понудата на Интер за која
медиумите од Италија пишуваат дека изнесува 65 милиони евра, плус 13 милиони
евра во бонуси, плус процент од следна продажба.
Новинарот Енди
Митен, кој е уредник на познатиот магазин „Јунајтед ви стенд“ и известува за
неколку весници од „островото“, на Твитер изрази жалење од ваквиот развој на настаните.
„Се надевав дека
Лукаку ќе стане голем напаѓач на Манчестер јунајтед, но не играше во голем тим
на Манчестер јунајтед. Започна добро, потоа почна да бледее, на крај со право
го загуби местото и довербата на многу фанови. Можеше одново да ги освои срцата
на навивачите, но се работи за негова кариера. Јасно е дека е добар голгетер.
Со среќа“ – гласеше неговиот пост.
Одговор на ова
испрати легендата на „ѓаволите“, Гери Невил. Тој меѓу редови откри зошто
Манчестер јунајтед го продава Ромелу Лукаку и жестоко удри по Белгиецот.
„Енди тој самиот
призна дека е предебел! Тој има преку 100 килограми! Тој е играч на Манчестер
јунајтед! Секако дека ќе постигнува голови и ќе одигра добро во Интер но
непрофесионалноста е заразна“ – напиша Невил, кој работи како стручен
коментатор.