Тотнем со спектакуларен финиш на трансфер пазарот, денес носи три засилувања, пристигнуваат Дибала, Ло Селсо и Сесењон

by
1 минути читање

Раководството на
„спарси“ ќе има полни раце работа денеска. Трансфер пазарот на „островото“
затвара во 18 часот, а Тотнем прави напори да донесе дури три засилувања.

И покрај тоа што
се најавуваше дека Пауло Дибала одбива да се пресели во Лондон, последните
информации на БиБиСи говорат дека „спарси“ се блиску до ангажман на Аргентинецот.
Извештај вели дека практично се е договорено со Јувентус и напаѓачот, и останува само да се надминат
проблемите со имиџ правата.

Тотнем исто така
има и договор за ангажман на Џовани Ло Селсо од Бетис. Аргентинецот ќе пристигне
на позајмица вредна 15 милиони евра, а „спарси“ ќе се обврзат во целост да го
купат играчот за додатни 45 милиони евра со што ќе се дојде до сумата од 60
милиони евра која „зелено-белите“ ја бараа за фудбалерот од средниот ред.

Во клубот треба
да пристигне и младиот Рајан Сесењон. За 19 годишниот Англичанец на Фулам ќе му бидат
платени помеѓу 25 и 30 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×