Пред неколку часа
беше објавено дека „нероаѕурите“ тргнале во финална офанзива по потписот на
Ромелу Лукаку. Агентот на Белгиецот е во Лондон а во преговорите се вклучил и
првиот човек на Интер, Стивен Жанг.
Вечерва голем
број извори пренесуваат дека последната понуда била прифатлива за „ѓаволите“ и има
вербален договор помеѓу двата клуба.
Како што пишува
новинарот Џанлука Ди Марцио и уште неколку извори од Италија, Интер ќе плати 65
милиони евра за Ромелу Лукаку, плус лесно остварливи бонуси од 13 милиони евра.
Клубот од Олд
Трафорд исто така ќе добие и процент од следната продажба. Сега останува уште
да се испеглаат последните детали и да се размени документацијата.
Се очекува Ромелу
Лукаку наскоро да отпатува за Милано на лекарски прегледи.