Нејмар со месеци
се поврзува со враќање на Камп Ноу, но Барселона нема пари да го купи
Бразилецот, а и ПСЖ не е расположен за зделка со „каталонците“.
Се говори дека
играчот бил понуден на Манчестер јунајтед и Јувентус, но двата клуба одговориле
негативно. Барселона сепак може да извиси и тоа поради лутиот ривал Реал
Мадрид.
Спорт попладнево објави дека Флорентино Перез на ПСЖ му понудил 120 милиони
евра плус услугите на Лука Модриќ. Каталонскиот весник додава дека „светците“
се подготвени да го прифатат предлогот и ќе треба само Нејмар да каже ДА.
Флорентино Перез
нема да штеди, и на Бразилецот ќе му ја понуди истата плата која ја заработува
во моментов во Париз (околу 36 милиони евра годишно).
Барселона се
надева дека Нејмар ќе остане на ставот дека сака само на Камп Ноу и ќе одолее
на примамливиот предлог, но Спорт вели дека постојат добри шанси напаѓачот да
заврши во Мадрид.