Последната линија
е најслабиот дел од тимот на „топчиите“, фановите не се задоволни од изданијата
на Папастатопулос и Мустафи и сакаат да видат некој постабилен дефанзивец.
Арсенал веќе
пазари еден одбрамбен играч, но тој е за во плановите за иднината а не новата
сезона. Се работи за талентираниот Вилијам Салиба, кој експресно беше вратен на
позајмица во Сент Етјен.
Клубот од Северен
Лондон се поврзуваше со уште неколку имиња, а последните информации говорат за
изненадувачки трансфер и засилување од редовите на градскиот ривал Челси.
Се работи за
Давид Луиз, кој наводно денеска одбил да тренира со цел да издејствува
трансфер. Колку Бразилецот ќе донесе стабилност во последната линија е големо
прашање. Не е спорно дека тој знае да игра со топката и може да учествува во
акциите, но често остава голема празнина во одбраната.