Синот на газдата на Интер лично се вклучил во преговорите, испратена нова понуда за Лукаку

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“ со
месеци се обидуваат да стигнат до потписот на Белгиецот, но Манчестер јунајтед
не сака лесно да се откаже од напаѓачот и постави цена од околу 80-85 милиони
евра.

Интер достави
неколку предлози, кои експресно беа одбиени од „ѓаволите“, но клубот од Џузепе
Меаца не се откажува и тргна во финална офанзива.

Голем број на
извори пренесуваат дека агентот на Ромелу Лукаку е во Лондон, а во преговорите
се вклучил и претседателот на Интер Стивен Жанг, кој е син на сопственикот.

Се шпекулира дека
Интер на маса ќе стави 70-75 милиони евра, како и серија бонуси со кои трансферот
може да се искачи на 83 милиони евра и верува дека овој предлог ќе биде доволен
за Ромелу Лукаку да се пресели во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×