174
Јувентус се обидува да го продаде Пауло Дибала, но не му оди најдобро. Аргентинскиот фудбалер не сака го напушти италијанскиот шампион, барем не за трансфер во Премиерлигата.
Дибала одби преселба во Манчестер јунајтед со тоа што поставуваше невозможни барања во преговорите со англискиот клуб.
Од Италија велат дека слична судбина го очекува и Тотнем. Тие се договорија со Јувентус, но Дибала нема намера да оди во Премиерлигата.
Се верува дека доколку замине од Јувентус ова лето тоа ќе биде за трансфер во Премиерлигата.
Преодниот рок во Англија трае до осми август до 18 часот, па наскоро ќе дознаеме дали Дибала навистина ќе му даде корпа и на Тотнем.