Арсенал со играч од Јувентус ќе ја засилува дефанзивата

by
1 минути читање

Арсенал најпрво постигнал договор за личните услови на Ругани, тој ќе зема плата од четири милиони евра по сезона плус бонуси во зависност од перформансите.

Двата клуба сега ги финализираат деталите, веројатно Ругани ќе оди на позајмица со обврска комплетно да биде откупен по крајот од сезоната.

Целата операција би требало да чини околу 40 милиони евра.

Ругани важеше за голем талент кога играше за Емполи, но не се прослави во Јуве, со доаѓањето на Де Лихт неговото место дополнително е загрозено.

Арсенал има проблеми во дефанзивата која е најслабиот дел од тимот, се верува дека Ругани нема да биде единствениот одбрамбен играч кој ќе го купат во наредните два дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×