Јувентус прифати понуда на Тотнем за Дибала, останува уште Аргентинецот да каже ДА!

by
0 минути читање

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Тотнем испратил понуда од 70 милиони евра за Дибала која била прифатена од Јувентус.

Останува уште Дибала кој веќе го одби Манчестер јунајтед да прифати преселба во Тотнем.

Предноста на Тотнем во однос на Манчестер јунајтед е Маурисио Покетино, тој е Аргентинец исто како и Дибала па ќе проба да го убеди по таа линија.

Дополнително Тотнем може да биде поатрактивен за Дибала бидејќи за разлика од Јунајтед игра во Лигата на шампионите.

Преодниот рок во Англија е до осми август, па Дибала нема многу време за размислување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×