„Старата дама“
планира да донесе нов голгетер ова лето. Изминативе денови имаше преговори со
Манчестер јунајтед, па дури беше и постигнат договор за спектакуларна трампа со
која требаше да го добијат Ромелу Лукаку, но Пауло Дибала одби да се пресели на
Олд Трафорд и пропадна трансферот.
Според денешното
издание на Газета дело Спорт, Јувентус сега ќе се врати на старата желба, Фабио
Паратичи по престојот во Англија ќе отпатува за Милано и ќе се обиде да го
договори Мауро Икарди.
Весникот вели
дека раководствово на Јувентус за ова има поддршка и од првата ѕвезда на тимот,
Кристијано Роналдо. ГДС вели дека Португалецот не се противи на ангажманот на
Ромелу Лукаку, смета дека се работи за солиден напаѓач, но смета дека Мауро
Икарди е далеку подобра алтернатива и ова им го пренел на лидерите на клубот.
ЦР7 сака напаѓач
кој е способен да му отвори простор во шеснаесетникот и верува дека Аргентинецот
ги има потребните квалитети за да ја исполни задачата.
Мауро Икарди не е
дел од плановите на Интер, напаѓачот е на продажба и се верува дека тој ги
одбива сите понуди зошто го чека Јувентус. Останува да се види дали
„нероаѕурите“ ќе прифатат да го испратат голгетерот во редовите на лутиот
ривал. Евентуално вклучување на Пауло Дибала во зделката секако дека може да ги
примами Интер.
