Мегваер за околу 85 милиони фунти премина од Лестер во Манчестер јунајтед и го урна рекордот на Ван Дајк кој беше купен од Ливерпул за 75 милиони фунти.
Големата сума си носи и притисок, очите се вперени во вас, голема одговорност е да се биде најскапиот, секој кикс посебно ќе биде потенциран. Притисокот е голем. Тоа го знае Ван Дајк и се обидува да му помогне на Мегваер.
„Со цената доаѓа и притисокот но не менува многу бидејќи секогаш имате притисок во големите клубови како Манчестер јунајтед“, вели Ван Дајк.
„Не е лесно комплетно да го игнорирате целиот притисок. Има многу работи кои се поважни од играњето фудбал. Треба да уживате во играта, но притисокот секогаш ќе биде таму“.

„Треба само да се фокусираш да го правиш тоа што го сакаш и ќе го дадеш најдоброто. Да ги покажеш твоите квалитети на теренот, да уживаш во играта и да не мислиш на други работи“.
„Доколку противникот за време на мечот ви споменува нешто од тоа дека чините толку многу, што може да направите? Јас едноставно не ги слушам нив. Тоа не ми менува ништо во мојата глава“.