Реал Мадрид може да го купи Погба до втори септември докога трае преодниот рок во Шпанија, но проблем е што во Англија пазарот е отворен до осми август.
Тоа значи дека ако Манчестер јунајтед го продаде Погба по осми август, нема да може да донесе соодветна замена за него.
Се верува дека Манчестер јунајтед додека преговара за продажба на Погба, паралелно работи на ангажман на Милинковиќ Савиќ од Лацио во кого ја гледаат замената за Французинот.
Но времето не им е сојузник на Реал Мадрид и Јувентус, тие ја бараат формулата како да дојдат до Погба без да платат повеќе од 150 милиони евра.
Манчестер јунајтед досега игра тврдо бидејќи не сака да го продаде Погба. Дали францускиот фудбалер ќе го напушти Олд Трафорд ќе се дознае најдоцна до четврток. Теоретски тоа ќе може да се случи и до втори септември, но ќе биде многу потешко. Разврската се очекува сега.