Манчестер јунајтед се откажа од намерата да го ангажира Дибала како дел од размената за Лукаку. Аргентинецот не сакаше да замине од Јувентус па постави неприфатливи услови кои беа одбиени од англискиот клуб.
Но, италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус нема да се откаже, тие сега ги нудат Марио Манџукиќ и Блес Матуиди.
Трансферот на Марио Манџукиќ ќе се реализира и независно од тоа дали ќе биде постигнат договор за размена. Тој веќе ги договори личните услови со Јунајтед, ќе игра за плата од 6 милиони евра по сезона, а Јунајтед ќе му плати на Јуве 15 милиони евра.
Но, Хрватот би можел да влезе и во пакетот за размена доколку Манчестер јунајтед прифати да го ангажира Матуиди.
Со доаѓањето на Арон Ремзи и Адриен Рабио, Матуиди би можел да има помала минутажа во дресот на Јувентус, па тие се подготвени да го жртвуваат за да дојдат до потписот на Лукаку.