846
Арсенал поразен
си заминува од Камп Ноу и покрај тоа што гостите на полувреме водеа со 0-1
благодарејќи на голот на Обамјенаг. Напаѓачот доби една одлична топка од Озил и
биеше неодбранливо од врвот на шеснаесетникот.
Сепак, во вториот
дел најпрво Мејталнд Најлс си постигна комичен автогол и наместо рутински да ја
врати топката до голманот Лено, ја затресе сопствената мрежа.
Потоа Луис Суарез
им пресуди на „топчиите“ и го изрежира најубавиот момент на мечот. Серхи
Роберто испрати долга топка во форот а „Ел пистолеро“ со фантастичен волеј во
трк погоди за 2-1.