181
Елиф Елмас доби шанса да стартува на пријателскиот меч против Марсеј и максимално ја искористи.
Македонскиот фудбалер се однесуваше како вистински лидер во средниот ред иако има само 19 години. Навивачите на Наполи на социјалните мрежи се полни со пофалби за Елмас.
Тој учествуваше и во акцијата за единствениот гол во првото полувреме кога од својата половина со убаво додавање ја префрли топката во офанзивата.