На островото велат дека е престар за Јунајтед, но италијаните се убедени; Манџукиќ се договорил со ѓаволите

by
0 минути читање

Независно од размената меѓу Дибала и Лукаку, Марио Манџукиќ ќе потпише за Манчестер јунајтед.

Според „Газета дело Спорт“ и „Тутомеркатовеб“, Марио Манџукиќ ги договорил личните услови и ќе потпише двегодишен договор со можност и за трета.

Тој ќе заработува по 6 милиони евра по сезона, а Јунајтед за него ќе плати 15 милиони евра.

Минатата сезона иако не беше секогаш стартер, постигна 10 гола и седум асистенции во 33 натпревари за Јувентус.

Медиумите на островото пак сметаат дека со 33 години Марио Манџукиќ е премногу стар за да потпише за Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×