Нема да се чека Дибала, Манџукиќ оди во Манчестер јунајтед како посебен трансфер?

by
0 минути читање

Се шпекулираше дека Марио Манџукиќ ќе биде дел од размената Дибала и Лукаку која ја договараа Манчестер јунајтед и Јувентус.

Тешко одат преговорите меѓу Дибала и Манчестер јунајтед, но во Италија пишуваат дека тоа нема да спречи Хрватот да се пресели на Олд Трафорд.

Според „Тутоспорт“, Манчестер јунајтед за сума од 10-15 милиони евра ќе го ангажира Марио Манџукиќ.

Тој има договор со Јувентус до јуни 2021 но не е во плановите на тренерот Маурицио Сари.

Актуелната плата на Манџукиќ во Јувентус е 5,5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×