Фановите на Манчестер
јунајтед и Јувентус се во исчекување откако двата клуба договорија
спектакуларна размена со која Ромелу Лукаку треба да се пресели во Торино, а
Пауло Дибала на Олд Трафорд.
Се верува дека се
чека само уште Аргентинецот да каже ДА, но тој не се брза многу со носењето на
одлуката. Напаѓачот денеска се врати во Торино и се очекуваше да има средба со
Маурицио Сари по која ќе се добија појасна слика за неговата иднина.
Сепак, состанокот
не се одржа и според Скај Спорт Италија, двајцата утре ќе разговараат лице во
лице.
Во меѓувреме, Јувентус
отвори преговори за трампа и со вториот клуб од Манчестер. Спортскиот директор
Фабио Паратичи е во Англија за да ги испегла сите детали со „ѓаволите, и ја
искористил оваа прилика за да ги обнови преговорите со Сити за Жоао Кансело.
„Старата Дама“ за
услугите на десниот бек бара 55-60 милиони евра, додека пак „граѓаните“ сакаат
да ја намалат сумата со тоа што ќе го вметната Данило и ќе доплатат 25-30
милиони евра.