171
Најголемите португалски спортски медиуми, „Ожого“ и „Рекорд“ пишуваат дека претставници на Тотнем се во Лисабон на преговори за Бруно Фернандеш.
Капитенот на Спортинг Лисабон цело лето се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но Тотнем со многу повисока понуда е подготвен да го украде.
Според португалските медиуми, клубот од Северен Лондон е подготвен за Бруно Фернандеш да даде и 70 милиони евра.
Во Англија преодниот рок трае до 8. авуст, па многу брзо ќе дознаеме која ќе биде следната дестинација на одличниот Бруно Фернандеш.