Фановите на Арсенал ги тролаат навивачите на Манчестер јунајтед со стара фотка од Дибала (ФОТО)

by
0 минути читање

На социјалните мрежи се појави стара слика од Дибала како држи дрес на Арсенал од Озил.

Фановите на Арсенал ја објавуваат фотографијата и пишуваат разни работи тролајќи го Манчестер јунајтед: „Јунајтед потпишува со најголемиот фан на Озил“, „Дибала има дрес од Озил урамен некаде во неговата куќа“, „Озил фанбој“, се само дел од твитовите.

Ваквиот сеир може да биде залуден доколку Дибала не пристигне во Манчестер јунајтед. Тој од денеска е во Торино и најпрво со Маурицио Сари има разговори за својата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×