На повидок е нова
конфротација помеѓу Флорентино Перез и Зинедин Зидан. Французинот сака да го
донесе неговиот сонародник Пол Погба, но зделката е прилично комплицирана.
Манчестер
јунајтед завзеде цврста позиција и нема лесно да го пушти фудбалерот од
средниот ред. „Ѓаволите“ за разделба со Пол Погба бараат помеѓу 150 и 170
милиони евра.
Па затоа Реал го
активира „планот Б“ и ангажман на Дони ван де Бек. Холанѓанецот е следен со
месеци од страна на „кралевите“ и раководството на клубот дава зелено светло
за реализирање на трансферот и верува дека фудбалерот на Ајакс ќе биде полн
погодок.
Проблем е тоа што
Зизу се противи на оваа идеа. Тренерот смета дека Пол Погба е клучен дел од новиот
проект, инсистира да се направи се што се може и дека треба да се потпише со
Французинот по секоја цена. Трансфер пазарот во Англија затвара на 8. август и
тешко дека Манчестер јунајтед ќе прифати продажба по овој датум, но и покрај
тоа Зидан бара од Перез да не се откажува од играчот и да продолжи да притиска
се до почетокот на септември.
За разлика од Пол
Погба, Дони ван де Бек може да биде купен за 50-60 милиони евра, сума која не
преставува никаков проблем за Реал. Холанѓанецот исто така ќе се задоволи и со далеку
помала плата, а и провизијата која ќе ја бараат неговите агенти сигурно нема да
биде како онаа на Мино Рајола.