Јужнокорејците
тешко се помируваат со тоа што Кристијано Роналдо на клупа го преседе
натпреварот помеѓу Јувентус и Ол-стар тимот на К-лигата. Веќе се подготвува
групна тужба на која се имаат приклучено 2000 фанови, а адвокатот Ох Сеок Хјун
поднел желба до полицијата против ЦР7, Јувентус и организаторот „ДФеста“.
Тој ги обвинува
сите три страни за измама, па полицијата сега ќе истражува дали намерно бил
прекршен договорот според кој Кристијано Роналдо требал да одигра барем 45
минути.
Во меѓувреме,
К-лигата си размени преписка со Јувентус. Најпрво испрати протест до гигантот
од Италија, а откако доби одговор, незадоволни од образложението на „старата
дама“ испратија ново соопштение.
„Главна точка на
ситуацијата во која се најдовме е тоа што Кристијано Роналдо не одигра ниту
минута и покрај тоа што со договор беше обврзан дека ќе игра најмалку 45
милиони“ – гласи известувањето.
Првиот човек на
„бјанконерите“, Андреа Ањели во писмото кое го испрати по протестот напиша дека
Кристијано Роналдо не настапил бидејќи лекарскиот тим советувал играчот да
одмара поради замор по мечот во Нанџинг (против Интер) кој се одиграл само 48
часа пред натпреварот во Сеул.
Тој исто така се
пожали дека експедицијата на Јувентус доцнела на стадионот поради лошата
организација, односно не добиле придружба од полицијата па заглавиле во
сообраќај со часови, нешто што не им се случило никаде претходно.
„Одговорот кој го
добивме од Јувентус не нуди извинување, ниту пак дава точна слика на она што се
случуваше дента“.
„Тоа дека
имало гужва не може да биде изговор. К-лигата е разочарана од неодговорното
однесување на Јувентус, цврсто бараме Јувентус да понуди искрено извинување и
да објасни зошто Роналдо не се појави на теренот“.