ФИФА го започна
процесот за избор на најдобрите изминатава сезона. Светската куќа на фудбалот
попладнево ги соопшти имињата на стратезите кои ќе конкурираат за приматот Тренер
на годината на фудбалските награди „Д Бест“.
Панел составен од
експерти одреди листа од 10 тренери на основа на постигнувањата кои ги
забележале од 16. јули 2018 до 19. јули 2019.
Кандидати за
наградата се селекторот на Алжир, Џамел Белмади, селекторот на Франција, Дидје
Дешам, тренерот на Ривер, Марсело Гаљардо, селекторот на Перу, Рикардо Гарека,
тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, тренерот
на Тотнем, Маурисио Покетино, селекторот на Португалија, Фернандо Сантош,
тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг и селекторот на Бразил, Тите.
Во изборот ќе
учествуваат фановите со гласање на анкетата на веб страната на ФИФА, како и
новинарите, селекторите на националните тимови и капитените.
Тројцата
финалисти ќе бидат соопштени подоцна, а победникот ќе биде откриен на гала
церемонија која ќе се одржи во Милано на 23. септември.
Meet the coaching candidates! #TheBest Men’s Coach nominees:
Djamel Belmadi
Didier Deschamps
Marcelo Gallardo
Ricardo Gareca
@PepTeam
Jurgen Klopp
Mauricio Pochettino
Fernando Santos
Erik ten Hag
TiteVoting OPEN https://t.co/NRJ9Nz40FC
— FIFA.com (@FIFAcom) July 31, 2019