Јужнокорејците претераа, сакаат да се збогатат од неиграњето на Роналдо и како оштета бараат 50 милиони!

by
1 минути читање

Изминатиов
викенд, Јувентус одигра меч во Сеул против најдобрите фудбалери од првенството
на Јужна Кореа. Средбата заврши со возбудливо реми од 3-3, но фановите не го
видоа на терен Кристијано Роналдо.

По ваквиот развој
на настаните, организаторот на натпреварот најави дека ќе го тужи Јувентус
бидејќи во договорот било наведено дека најдобриот фудбалер на денешницата мора
да одигра 45 минути.

Групна тужба во
име на фановите подготвува и адвокатот Ким Мин ки, кој вели: „Многумина купија
билети само за да го видат Роналдо. „ДФеста“ објави дека компанијата имала
договор со Јувентус според кој Роналдо ќе одигра најмалку 45 минути и дека ќе
се организира настан на кој Роналдо ќе дели автограми“.

„Во нормален
случај, на фановите треба да им се рефундира цената на билетите, но ова го
сместувам како специјален случај бидејќи компанијата, преку лажен маркетинг, ги
искористи фудбалските фанови на Роналдо“.

„Во моментов имам
две лица кои сакаат да поднесат тужба, но постојано добивам огромен број на
повици, и верувам дека ќе стигнеме до бројката од 60.000 (колку што имаше
фанови на стадионот)“.

Во тужбата што ја подготвува Ким, се бара на фановите да им се врати сумата од 52.40 евра платена
за билетот, 0,76 евра за провизија, и дури 760 евра за претрпена ментална
болка.

„Дел од фановите
се прилично страсни, па тие навистина се погодени и ги боли тоа што не го видоа
Роналдо на теренот“.

Од таборот на Јувентус
пак се правдаат дека Роналдо имал повреда и затоа не настапил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×