Патрик Кутроне го помина медицинските тестови и стави потпис на четиригодишен договор со Волвс.
Милан го продаде 21-годишниот напаѓач за сума од 18 милиони евра плус 4 милиони евра во бонуси.
„Милан може да го потврди трансферот на напаѓачот Патрик Кутроне во Волверхемптон. Тој потекна од младинската школа на Милан и во октомври 2016 го направи своето сениорско деби за Росонерите. Клубот сака да му се заблагодари за неговата пасија и посветеност во неговиот 12 годишен престој во Милан. Со среќа за Патрик во неговата нов професионална авантура во англиската Премиерлига“, стои во соопштението на Милан.
Кутроне вели дека Волвс навистина го сакале.
„Многу сум задоволен што сум тука бидејќи овој клуб навистина ме сакаше. Многу сум среќен и сакам да го дадам најдоброто од мене за тимот. Клубот навистина ме сакаше и да играм во Премиерлигата за Волвс е фантастично за мене. Не можам да дочекам да почнам“, вели Кутроне.