Кој вреди повеќе Лукаку или Дибала? Од Англија велат дека Јувентус нуди двајца играчи плус пари

by
1 минути читање

Неколку извори од
Италија доцна синоќа и утрово пренесоа дека Манчестер јунајтед и Јувентус
работат на зделка со која Ромелу Лукаку ќе се пресели во Торино, а Пауло Дибала
ќе заврши на Олд Трафорд.

Со оглед на тоа
дека Аргентинецот е проценет на 100 милиони евра, а Белгиецот на 85 милиони
евра, се говореше дека „ѓаволите“ ќе треба да доплатат околу 15 милиони евра.

Медиумите од
„островото“ сега се приклучија на сторијата за спектакуларна размена, но велат
дека на маса има сосема поинаков предлог. Таблоидот „Сан“ пренесе дека Јувентус
покрај Пауло Дибала го нуди и Марио Манџукиќ, а ќе доплати и 10 милиони фунти
(нешто над 11 милиони евра).

Според ова што го
пишува „Сан“, Ромелу Лукаку вреди некои 20-тина милиони евра повеќе од Пауло
Дибала, што некако делува нелогично.

Специјализираниот
портал, Трансфермаркт го проценува Ромелу Лукаку на 75 милиони евра, додека пак
Пауло Дибала на 85 милиони евра. Можеби не се сумите кои ги бараат Јувентус и Манчестер јунајтед, но Аргентинецот има поголема цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×